ВМРО-ДПМНЕ: Сега кога Заев сам ја искина македонската жица, трага по семето на скијање во Гармиш-Партенкирхен

by fokus

Аболицираниот Заев говореше дека не се родил Македонец кој би го променил Уставот со цел промена на уставното име. Излезе дека таков антимакедонски лик се родил и во историјата ќе остане запаметено дека Зоран Заев е човекот кој се откажа од вековното име, велат денеска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Истиот тој Заев спротивно на волјата на граѓаните, со закани и уцени ги протурка уставните измени и го промени уставното име на државата. Не само што го промени името, го промени и идентитетот, јазикот и историјата на македонската држава и народ. Со други зборови се откажа од се што е македонско. Иако во кампања тој се колнеше во своите предци и идни поколенија дека не помислува на ваков капитулантски чин, кога ја превзема власта за спас на својата бедна политичка кариера ги продаде националните и државните интереси. „Поетот“ Заев не така одамна говореше и за македонска жица која доколку се скинела тој „изгубен во времето, би го барал семето, одејќи по жица“. Сега кога сам ја искина македонската жица трага по семето на скијање во Гармиш-Партенкирхен, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани новости