ВМРО-ДПМНЕ се подготвени да разговараат за една изборна единица, вели претседателот на партијата, Христијан Мицкоски образложувајќи дека партијата е би разговарала демократските процеси во земјата вклучувајќи ја и темата за изборниот модел.
– ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да разговара на секоја тема, посебно кога станува збор за демократијата и демократските процеси во нашата Македонија вклучително и ова.
Слушнав дека неколку пратеници гласно зборуваат за реформа во изборниот модел и ние сме тука, подготвени сме да разговараме, да го видиме тоа на маса, да видиме која е замислата, една, три, да остане истиот модел, со цензус, колкав би бил тој цензус и така натаму.
Има некаков изборен праг бидејќи знаете демократијата нема да добие ако поединци влезат во парламентот и пратеничкото столче го користат како што бевме сега скоро сведоци за еден таков пратеник за себепазарење, рече Мицкоски.