535
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение до јавноста упати критики кон СДСМ и нивниот лидер, Зоран Заев, од каде посочуват дека тој ќе одговара за се што сторил.
„Очајот во СДСМ од ден во ден е се поочигледен. Вистината за Заев и неговата вмешаност во случајот „Рекет“ не може да се сокрие од очите на јавноста.
Лажните вести нема да им поминат на СДСМ и затоа најдобро е Зоран Заев да излезе и да ја каже целата вистина.
Сите слушнаа дека Заев го пцуе и навредува македонскиот народ. Се дозна дека тој го контролирал студентското движење, а се слушна и што мисли за шарените и за Али Ахмети и за ова никој не може да им помогне.
За сето ова Заев ќе го стигне правдата и ќе одговара за се што сторил пред судските органи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.