ВМРО-ДПМНЕ: Се прогласија за терористи актери, режисери, архитекти, само за тоа што си ја сакаат државата

by Fokus

„Остануваат уште три дена до истекот на третиот месец од неправедното притворање на патриотите кои имаа храброст гласно да говорат против антидржавните политики, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Јавното обвинителство и судот без никакви вистински, правни аргументи тргнаа во конструкција на непостоечки случај за тероризам и ја посрамотија државата ставајќи ја на мапата на држави со најмногу терористи по глава на жител. Без никаква правна основа прогласија за терористи актери, режисери, оперски пејачи, архитекти, доктори, припадници на безбедносните сили и други патриоти чиј единствен грев е тоа што си ја сакале сопствената земја.

 

Поврзани новости