596
Со образложение дека не сакаат да учествуваат во незаконска расправа , пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се повлекоа од дебатата за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски.
Опозициската партија ставот дека дебатата за разрешување на Зврлевски е незаконска ја темели на одлуката на Антикоруциската комисија дека има законска пречка за разрешување на Зврлевски.
Денешната собраниска седница за Зврлевски беше прекината, а спикерот Џафери нејзиното продолжение ќе го закаже дополнително.