ВМРО-ДПМНЕ се дообјасни: Одложена примена на уставните измени или предвремени избори со гаранции од ЕУ

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ преку денешното утринско соопштение ги дообрајсни своите услови за давање поддршка на уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот. Доколку СДСМ не прифати еден од овие услови, тогаш ВМРО-ДПМНЕ нема да преговара.

-СДС да каже кој од двата предлога на претседателот Мицкоски кои го штитат идентитетот и овозможуваат интеграција во ЕУ прифаќа, спротивно нема потреба од преговори.

Ковачевски да не манипулира со своето членство, и со граѓаните, да се охрабри и да каже кој предлог го прифаќа.

1. Одложено важење на уставните измени кога Македонија ќе стане членка на ЕУ и преодна влада без ДУИ.

2. Избори на есен, гаранции од ЕУ институциите за македонскиот многувековен идентитет, пакет помош од Европската комисија за македонската економија и граѓани и барање до Бугарија да имплементира барем 3 пресуди од ЕСЧП поврзани со Македонците во Бугарија. И по изборите партијата која ќе биде опозиција да ја поддржи владата и државата во спроведување на овие чекори, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости