„Додека ја крадеа државата СДС, Заев и Ковачевски потрошиле и 280.000 евра за Фејсбук реклами. 280.000 евра завршија на промоција на пропаднатите политики на СДС, Заев и Ковачевски, кои ја упропастија државата“ соопштија денеска од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат „СДС, Заев и Ковачевски, дадоа 280.000 евра да ја покријат одговорноста и за модуларната болница во Тетово, и за Дурмо Турс и за тендерите на Васко Ковачевски, и за сите криминали и рекети кои ги направија“.
„280.000 евра СДС, Заев и Ковачевски потрошија за дефокус на народот додека браќата на Заев и Филипче градеа фотоволтаични централи заедно, и додека владата на Ковачевски даваше земја за соларна централа на неговата сопруга. Наместо за народот, СДС, Заев и Ковачевски потрошија 280.000 евра за нивните лаги и манипулации“ е партискиот став.