ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ само во првите три месеци го задолжија секое семејство за 15.000 денари

by Fokus

СДСМ во налетот на предизборна корупција која ја почнаа во првите три месеци од почетокот на годината до денес потрошија 120 милиони евра повеќе од што собрале во буџетот. Тие само во првите три месеци го задолжија секое македонско семејство за 15.000 денари. Грабежот кој СДСМ го спроведува е полош и со поразорни последици за државата дури и од тој во транзицијата, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Буџетската дупка е двојно поголема од тоа што била до сега, односно во годините 2017, 2018 и 2019 година. Алчноста и корумпираноста на СДСМ не донесоа во тешка економска состојба за време на криза. Само во месец март, кога и почна кризата, буџетската дупка е 50 милиони евра. Падот на БДП од 4 отсто како што прогнозира ММФ уште толку ќе ја влоши економската состојба, велат тие во партиското соопштение.

Според опозицијата, доколку СДСМ вака продолжи буџетската дупка до крајот на годината ќе изнесува над 1.3 милијарди евра. Тоа се пари кои владата ќе треба да ги позајми, а нема да бидат потрошени ниту на развој, ниту на заживување на економијата, туку само на гол опстанок.

 

 

Поврзани новости