ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ само вдомува партиски послушници

by fokus

Владата СДС и Зоран Заев  и  нивното парламентарното мнозинство во иминатите  деведесетина дена  наместо да се посветат  за започнување и реализирање на реални проекти на граѓаните и подобрување на нивниот животен стандард, го потрошија времето  на  вдомување на партиски послушници, шарени револуционери, на набавка на  цвеќиња по министерски кабинети,набавка на апетисани и службени патувања низ светот, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ дека работат на поквалитетен живот за граѓаните.

-Доколку владата на СДС и нивното парламентарно мнозинтво навистина се грижеше, за  унапредувањето квалитетот на животот на граѓаните, ќе  ги прифатеше предлог-законите кои ВМРО-ДПМНЕ ги поднесе како амандмани,а не истите едногласно да ги одбие. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ откако се опозиција во Собранието на Република Македонија имаат поднесено низа на законски решенија кои што произлегуват од релните потреби на граѓаните, но секако СДСМ и тогаш и сега не најде сила и храброст да покаже конструктивност и да дозволи разгледување на овие закони. Доколку СДС И Зоран Заев навистина се грижеа,за лицата со ниски социјални примања, немаше да ги укинат бесплатните елаборати за легализација на нивните домови, кои ги изработуваше катастарот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости