ВМРО-ДПМНЕ на Христијан Мицкоски го искритикува изборот за носители на пратеничките листи на СДСМ, истакнуваќи дека владејачката партија оди на избори со стари и истрошени кадри од времето на транзицијата.
-Зоран Заев не е човек кој е нов во политиката. Зоран Заев е политичар кој ја рекетираше Струмица по примерот на едно евро за Вицето, едно евро за црквата, сега ја рекетира цела Македонија по истиот принцип. Зоран Заев е политичарот во чие време и со чие одобрение се случи најголемиот рекетарски скандал во цела Европа. Заев ја овозможи епидемијата на непотизам. Се случија Леонардо и Сар Хемс. Заев е главата на криминалниот октопод. Радмила Шекеринска е политичар од времето на транзицијата, присутна во политиката уште од 90 – тите. Шекеринска нема што ново да понуди. Шекеринска во политиката значи нови бомбона бизниси на штета на државата, десетина стана стекнати на сомнителен начин, тендери за набавка на возила два пати поскапи од реалната пазарна цена“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму испорачаа критики и за останатите предводници на листите на конкурентите.
-Никола Димитров е човекот кој со свиткана кичма ја кршеше кичмата на македонецот. Тој е син на Димитар Димитров, човекот кој што го колнеше оној кој ќе го смени името на државата, со клетвата да му се исуши раката, за на крај тој човек да биде неговиот син. Човек кој е на печалба во партиите. Мила Царовска е синоним за негрижа. Иако Царовска беше 3 години министер за труд и социјална политика стотици луѓе беа по улиците, просеа и не им беше решен статусот. Наместо грижа за граѓаните, таа се грижеше за тендерите на нејзиниот партнер. Згора на се над 10000 луѓе остави без надоместок за туѓа нега. Оливер Спасовски не е ново лице. Оливер Спасовски е главниот лик во спрегата со криминалот и СДСМ“, посочуваат од ДПМНЕ.
Од партијата на Мицкоски посочуваат дека кандидатурата на Панчо Минов и Зекир Рамчиловиќ поради тоа што со нивните гласови власта ги донела срамните уставни измени. На овој начин, според опозициската партија, социјалдемократите признаваат дека уценувале пратеници.