354
СДСМ нема кредибилитет да зборува за здравствениот систем во Република Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес-конференцијата на СДСМ.
– СДСМ ќе направи се само за да ја дефокусира јавноста од нивната антидржавна политика и прифаќањето на Тиранската Платформа. Секогаш кога СДСМ нема одговор на прашањето дали ќе се откаже од Тиранската Платформа и од редефинрање на државата, испраќа соопштенија и држи прес конференци полни со манипулации и конструкции. Кога СДСМ беше на власт не мрдна со прст и го остави македонскиот здравствен систем како последно рангиран и најлош здравствен систем во Европа – се наведува во партиското соопштение.