СДСМ нема намера да работи во корист на граѓаните на Република Македонија. Со не прифаќањето на ниту еден предложен амандман од страна на ВМРО-ДПМНЕ во ребалансот на буџетот на сите им стана јасно дека СДС сака само да истера теснопартиски интереси на грбот на граѓаните, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека СДСМ не ја разбираат суштината на демократијата.
„СДС работи само за свој интерес и само во своја корист. Нив не ги интересираат проблемите на над 450.000 граѓани кои својот глас го дадоа за ВМРО-ДПМНЕ. СДС се однесува како Македонија да е нивна приватна фирма. Сите пари од ребалансот на буџетот ги скрои по нивна желба, а не за потребите на граѓаните на Република Македонија. Од незаинтересираноста на СДС да реализира проекти штета ќе имаат сите граѓани“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.