-И Шилегов и СДСМ, ниту ги прочитале, ниту ги разбираат препораките на Прибе, ниту пак во своето дејствување воопшто водат сметка за европската перспектива на Република Македонија, реагираа од владејачката партија на пресконференцијата на портпаролот на СДСМ, Шилегов, кој рече дека Груевски со пополнувањето на собраниските комисии за контрола на работата на УБК и Агенцијата за разузнавање и на прислушувањето само глуми дека сака да го реши проблемот.
Од ДПМНЕ велат дека се што сакале Шилегов и СДСМ да постигнат е да направат хаос во државата, зашто тој бил единствениот начин да се приграбат до функции и до власт, без притоа да имаат поддршка од граѓаните.
-Во препораките од Прибе јасно и недвосмислено стои препорака до Собранието на Република Македонија да ги направи функционални Комисиите и да го пополни нивниот состав, без разлика на тоа дека една пратеничка група се одлучила да бојкотира. Одлуката на СДСМ да не учевствува во Собранието не може и не смее да значи дека Собранието не смее да функционира, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.