ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја запира изградбата на автопатишта бидејќи подготвува криминал

by fokus

Запирањето на изградбата на автопатиштата од страна на владата на СДС отвора сериозен сомнеж дека се подготвува криминал, изјави денеска Снежана Стефановска од окружниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

„Имено, штом првата одлука на министерот за транспорт е запирање на изградба за која се обезбедени пари, многу јасно е дека борбата е некои други фирми, блиски до СДС, надвор од законите да го добијат милионскиот бизнис. Токму затоа министерот Сугаревски и владата се служат со комплетни лаги, но и лагата им се распрснува како меур од сапуница.

Тие посочија дека биле направени грешка во проектирање, а проектот е изработен и поради недостиг од капацитети и способност оставен како нереализиран за време на мандатот на владата на СДС 2002 до 2006 година.

На крај, пред да почне градбата и откако владата на ВМРО-ДПМНЕ обезбеди средства, ревизијата го одобри изработениот проект. Совршено е јасно дека СДС е фатен во офсајд и зад прекинот се крие неспособноста на СДС да го реализира конкретниот проект и нивната одлучност да прават криминал од понатамошната негова реализација“, вели Стефановска.

Стефановска порача дека кога ќе дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт, ќе продолжи со градбата на автопатишта и ќе го догради автопатот кој, како што рече, СДСМ сега го блокира.

Поврзани новости