569
Министерот за финансии Драган Тевдовски досега ја задолжи Република Македонија со 334 милиони евра, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Иако се распишуваат нови аукции на државни хартии од вредност, граѓаните не гледаат никаков бенефит од тоа. Волшебниците на СДС успеваат само да направат парите да исчезнат. Граѓаните гледаат дека овие пари не одат за покачување на платите и пензиите или нови проекти туку се трошат за партиски вработувања на СДC, стои во реакцијата. Граѓаните не сакаат нивните пари да одат во џебовите на криминалците и платениците на Сорос и на шарената револуција“, стои во реакцијата на опозициската партија.