Правната држава е девалвирана, а СДСМ ја претвори демократијата во имагинарен поим, реагираат во денешното соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Актери, режисери, архитекти, доктори и видни општествени дејци, преку ноќ се најдоа во затвор само затоа што имаат различни политички погледи од Зоран Заев. Правата на притворените се прекршуваат неколкукратно во сите фази на постапката. Притворените пратеници незаконски се апсени, факт кој го нотираше и Народниот правобранител. Власта сака да го претвори правосудниот систем во егзекутор на политичките нарачки и повикуваат професионалците во ОЈО и судовите да не подлегнуваат на притисокот и да работат исклучиво согласно Уставот и законите. Чесните професионалци во правосудните органи ја имаат историската улога да ја заштитат демократијата и правната држава. Одговорноста е огромна, бидејќи влогот е Република Македонија која мора да биде држава во која се почитуваат човековите права и слободи. Политичкиот прогон мора да запре. Правосудните органи ја имаат и одговорноста и можноста тоа да го направат, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.