ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ има најмалку право да зборува за студентите

by Фокус

-СДСМ најмалку има право да говори за унапредувањето на студентскиот стандард, затоа што во времето на нивното владеење, студентите беа тотално заборавени и потценети, како и сите останати категории на граѓани, реагираат од владејачката партија на пресконференцијата на СДММ откако падна дел од таванот во студентскиот дом „Гоце Делчев“.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека тие реализирале конкретни и мерливи активности и била единствената партија којашто направила сериозни инвестиции во насока на подобрување на студентскиот стандард во земјата, со досега вложени 250 милиони денари само за унапредување на инфраструктурните услови.

-Студентите и понатаму ќе бидат приоритет на Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ, така што продолжуваме со инвестиции во унапредување на студентскиот стандард и на високото образование, преку отворање на нови факултети и студиски програми, нови лаборатории во рамки на јавните научни и високо образовни установи, превод на литература од којашто учат и студентите на врвните светски универзитети, проширување на можностите за стипендирање и слично, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости