Власта на ДУИ и СДСМ треба да објасни како една анонимна компанија која низ годините наназад работела на ситни тендери, одеднаш станува клучен партнер на министерството за образование и наука? Ова прашање денеска го поставуваат од ВМРО-ДПМНЕ и бараат одговор од коалиционите пратнери.
-Согласно податоците доставени до Бирото за јавни набавки на 4 февруари, компанијата ХИЛДИН КОМЕРЦ ДООЕЛ експорт-импорт Тетово е ангажирана на ДВА тендера за градежни активности во вкупна вредност од 225.878.041 денари или 3 милиони 673 илјади евра.
Министер од СДСМ тендерира, министер од ДУИ спроведува. За еден месец скоро 4 милиони евра добила една анонимна компанија. Сложно, нема што.
Поставуваме прашање според кој критериум токму ХИЛДИН КОМЕРЦ од Тетово е избрана за вакви крупни тендери, кои се особено атрактивни дури и за поголеми и пореномирани компании?
Како компанија која до пред некое време реализирала тендери од стотина илјади, доаѓа до тендери тешки милиони?, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.