-СДСМ се дрзна да зборува за Македонски шуми, претпријатието кое тие го оставија со долг од над 30 МИЛИОНИ ЕВРА само на име на неплатен ДДВ и уште 400 милиони денари неисплатени придонеси на вработените. СДСМ е партијата која не само што не направи ништо да го врати овој долг, туку не мрдна со прст нешто да направи и да инвестира во Македонски Шуми, било да се работи во модернизација на механизацијата, било во условите за работа на вработените, било во зголемување на шумскиот фонд, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ откако денеска заменик-министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, објави документи според кои „Македонски шуми“ барале да извезуваат огревно дрво.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ имала потреба бесрамно да лаже и да манипулира, бидејќи не знаеле како да се извадат од скандалите во кои се заглавиле до гуша со фабриката за афери на нивниот партиски член Захир Бекири Чаушот.
-Катастрофата која зад себе ја остави владеењето на СДСМ во многу сфери и институции, вклучително и Македонски шуми не можат да ја исперат ниту една ваква ефтина манипулација, се наведува во соопштението.