ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги преполни институциите со партиски кадри

by Фокус

СДСМ едно ветуваше на граѓаните пред изборите, а сега прави нешто сосем спротивно, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ветуваа професионално работење на институциите, а сега СДС преку нивниот пратеник Курто Дудуш на граѓаните им порача дека може да се лекуваат, да имаат социјална помош, да се вработат, да стигнат до основните свои права само доколку имаат нивна партиска членска книшка. СДС со ова прави дискриминација на граѓани од прв и втор ред. Сите оние кои не се членови на СДС значи дека не може да стигнат до основните права во државата“, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека новата владата ги преполнила министерствата со некомпетентни партиски кадри и кадри на Сорос.

Поврзани новости