Владата на СДСМ единствено се грижи за сопствените џебови. СДСМ ги доведе земјоделците до питачки стап, немаат ни за леб, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Три години земјоделците го фрлаат родот на буниште, сечат неколкугодишни овошни насади, а од СДСМ велат дека земјоделието бележи позитивни резултати.
Три години нема откуп, а каде што го има цените се катастрофално ниски.
Субвенциите не се исплатени во целост. Проблемот со наводнување е факт низ цела Македонија. Земјоделието е буквално нефункционално.
Грижата за земјоделците откако дојде СДСМ на власт се виде. Поради сето ова што се случува потребно е под итно да се распишат предвремени парламентарни избори. Кога ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите тогаш ќе започне нова ера во земјоделието“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.