ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е против вистински вредности во образованието

by fokus

Единствена цел на СДСМ е деструкција и блокирање на било каква реформа, унапредување на образовниот процес, вклучително и борбата против корупцијата во образованието, а особено во високото образование, реагираат денеска од ВМРО-ДПМНЕ на најавата на СДСМ дека кога ќе дојдат на власт ќе го укинат екстерното тестирање.

-СДСМ и со денешната прес конференција потврди дека немаат конкретни мерки и проекти кои можат да ги понудат во насока на унапредување на образованието. Нивниот “најголем експерт“ во образованието и денес зборуваше за укинување и прекинување, што е само потврда на деструктивната политика која СДСМ ја води. СДСМ не можат да се помират со фактот дека токму Владата предводена од ВМРО­ДПМНЕ превзема конкретни мерки и проекти со цел македонското образование да го издигне на ниво на европското, се вели во реакцијата на ДПМНЕ.

Поврзани новости