Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, ги осуди вчерашните протести на Шарената револуција, обвинувајќи дека целта на протестот била да се предизвика гневот на македонскиот народ и да се поттикне меѓусебно закрвување и конфликт.
-Ние знаеме дека тоа им е крајната цел. Вчера СДСМ доживеа дебакл и не успеа да ги наполни ниту половина од резервираните автобуси кај превозниците. Тоа се случи бидејќи голем број од членовите на СДСМ кои размислуваат разумно, рационално и кои чуствуваат патриотизам спрема оваа држава не сакаат да учествуваат во погубното сценарио на Зоран Заев. Вчера СДСМ го допре дното и покажа во каква политичка агонија се наоѓа. Народот јасно виде дека во партијата нема ниту една конструктивна идеја со која би се излегло на политички мегдан и дека сите капацитети на ова раководство на СДСМ се посветени на целосна деструкција, насилство и вандализам. – изјави на денешната прес-конференција Илија Димовски.
Димовски во име на партијата упати апел до полициските службеници, велејќи да продолжат да работат согласно Уставот и закононите на Република Македонија и, како што тој вели „да ја бранат државата и граѓаните од ваквите насилници“.