463
Лагите на СДСМ беа поразени на избори, а нивните апсурдни предлози, не се ништо ново туку исти лаги од типот на тие дека ќе вработувале по еден член од секое семејство, кои ги кажуваа во 2002 година, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на мерката на СДСМ за поврат на ДДВ на граѓаните.
-Истиот овој квази проект аболицираниот криминалец Зоран Заев го имаше во кампањата, па ветуваше и по 500 евра годишно за секое семејство, што е единствено возможно само ако секое семејство троши најмалку по 2.000 евра месечно. Очигледно дека СДСМ продолжува во манирот на лошиот математичар Заев и граѓаните и јавноста знаат дека аболицираниот криминалец Заев не е по враќањето туку по земањето, се вели во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.