ВМРО-ДПМНЕ: СДС ветуваа живот за сите, а државата ја донесоа пред банкрот

by Fokus

Државата со СДС оди кон пропаст. Животот кој го ветуваа дојде само за функционерите на СДС и пајташите на Заев, за сите останати е беда и сиромаштија. Владата нема план, уште помалку волја да решава проблеми. За само 4 месеци, СДС ја доведе македонската економија пред колапс, реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Неспособното раководство на СДС на чело со Зоран Заев, за краток период додека се на власт, успеа државата да ја доведе на работ пред банкрот. „Планот за живот” на СДС на граѓаните им ветуваше просечен раст на економијата од 5% годишно, но наместо тоа само за првите четири месеци имаме пад на бруто-домашниот производ за 1,8%. Ветуваа просечна плата од 500 евра, но лошите економски политики кои ги водат, придонесоа за пад на просечната бруто плата два месеци по ред – се наведува во партиското соопштение.

 

Поврзани новости