ВМРО-ДПМНЕ: СДС укинува една благородна мерка која во изминатите 9 години ја искористија околу 20.000 студенти

by Fokus

СДС продолжува да работи на штета на граѓаните на Република Македонија. Откако СДС е на власт, единствено што се реализира се антиреформи. Граѓаните се сведоци само на укинувања, укивања и блокади, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Последна антиреформа во низата е укинување на дисперзираните студии на дел од високо образовните установи, без притоа да биде слушнат гласот на илјадниците студенти кои ја користеле и ја користат оваа поволност. Единствената причина поради која е направен ваквиот чекор е заради тоа што дисперзираните студии се мерка која беше воведена од страна на владата предводена од ВМРО–ДПМНЕ – се наведува во партиското соопштение.

Од таму додаваат дека СДС укинува една благородна мерка која во изминатите 9 години ја искористија околу 20.000 студенти.

– Укинува мерка која придонесува и за економско социјален, но и демографски развој на сите останати региони во земјата. Граѓаните од СДС не очекуваат антиреформи кои се мотивирани единствено од опседнатоста со ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Таквите антиреформи никому не му носат корист. Граѓаните очекуваат СДС да се погрижи прво да ги оствари ветувањата кои ги има дадено пред македонскиот народ – продолжува понатаму во партиското соопштение.

Поврзани новости