ВМРО-ДПМНЕ: СДС стави печат на партизацијата во државата, но и општеството

by Fokus

СДС треба конечно да си погледне во своите редови и да види што се правеле, а и прават, односно не прават како опозиција. СДС е партијата во Македонија која стави печат на се што подразбира партизација во државата, но и пошироко во општеството, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС партизираше се по ред, а во последните седум години владеење ги имаше докажаните партиски кадри во судството, како судиите Дамева и Георгиев, обвинителката Русковска и ова се имиња само за илустрација. СДС не ги остави на страна ниту безбедносните служби, па така тука ги имаше докажаните партиски кадри како Димовски, Муслиу, Зечевиќ. И ова се само неколку од низата партијци во безбедносните служби. СДС со Каранфилова Пановска го партизира дури и невладиниот сектор.

Сега ВМРО-ДПМНЕ работи на професионализација на службите и тоа на сите по ред. ВМРО-ДПМНЕ има кадри за кои од институции е потврдено дека се соодветни на функциите кои ги вршат. Да потсетиме, Антикорупциска не виде причина за постапка за Христовски, а Христовски има сертификат според сите стандарди.

СДС има единства грижа како да ја пресече врската со докажаниот корупционер Заев. ВМРО-ДПМНЕ работи постојано за доброто на сите граѓани во Македонија“ се вели во соопштението на владејачката партија.

Поврзани новости