ВМРО-ДПМНЕ: СДС со својот коалиционен партнер ДУИ го присвоија судството како да е нивно

by Fokus

СДС со својот коалиционен партнер ДУИ го присвоија судството како да е нивно. СДС и ДУИ ги избираа судиите, кои палеа и гасеа во судството и не испорачаа правда, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

„Судиите кои ги избраа криминалната коалиција на СДС и ДУИ, се докажаа како некадарни. Иџет Мемети призна дека земал поткуп, Наќе Ѓорѓиев исто призна дека земал поткуп, а сега и судијата Енвер Беџети е ставен на црна листа на САД поради поврзаност со корупција заедно со вицепремиерот на минатата власт на СДС и ДУИ, Артан Груби.

Само во судството на криминалната коалиција на СДС и ДУИ, нема правда за Дурмо Турс, за модуларната болница, за онкологија. СДС и ДУИ, треба да прифатат дека треба да понесат одговорност за нивните криминали и да прифатат дека народот повеќе не ги сака, односно рејтинзите им се рамни на статистичка грешка. СДС и ДУИ го уништија системот и ја урнисаа довербата во институциите. Затоа довербата е помала и од 2% во судството во Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ работи на борбата против корупцијата и криминалот. Сите кои згрешиле пред законот мора да одговараат. ВМРО-ДПМНЕ ја враќа надежта и довербата во правдата и судството“ се наведува во соопштението на владејачката партија.

Поврзани новости