ВМРО-ДПМНЕ: СДС со години се богати на грбот на граѓаните

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ во утринското соопштение наведува дека раководството на СДСМ со години ги оштетува граѓаните на Република Македонија и се богати на нивен грб.

-СДС е политичка партија која својот централен штаб го има добиено во наследство од поранешната СКМ, за чија наследничка се прогласија и со тоа ги изиграа законите стекнувајќи се со имот од 3.583 м2, во центарот на Скопје. Криминогената матрица на СДС никогаш не рaзмислувала како да придонесе за развој на државата и подобар живот на граѓаните. СДС секогаш била насочена кон црпење на што е можно повеќе ресурси за богатење на партијата и тесното раководство во врвот. Тоа го видовме и со приватизацијата кога милијарди евра капитал беа разграбани, а 200.000 работници останаа на улица. Тоа го видовме и со бомбона бизнисите, а сега го гледаме истото и со прифаќањето на Tиранската платформа, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости