ВМРО-ДПМНЕ: СДС се партнери во криминалот со ДУИ, сите знаеле за криминалот на Груби и молчеле

by Fokus

„СДС и ДУИ дозволија да се продлабочи и рашири криминалот и корупцијата во Македонија. СДС и ДУИ знаеле за криминалот на своите функционери и свесно дозволиле да се размрежи и да навлезе во секоја пора во општеството, само за да не падне владата СДС-ДУИ. СДС и ДУИ знаеле за криминалот на Артан Груби, знаеле и за Лотарија и црната листа и молчеле, молчеле за коалициски мир и молчеле за да купат ден повеќе за да можат да крадат врз грбот на народот“ обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму велат „Зоран Заев, Венко Филипче, Оливер Спасовски биле први соработници и сојузници на Груби, знаеле за криминалот на Груби, но го толерирале и не го гонеле за да можат заедно да продолжат со матните зделки, тендерите во четири очи, криминалот и корупцијата. За криминалот алармираше постојано и ВМРО-ДПМНЕ и медиумите, но институциите под раководство на СДС и ДУИ молчеа и не преземаа мерки“.

„СДС се партнери во криминалот со ДУИ, додека Груби крадеше Димитар Ковачевски му бил соучесник и му го овозможил тоа. Македонија со години уназадуваше, додека СДС и ДУИ смислувале начини како повеќе да украдат милионски суми пари на народот. СДС и ДУИ 7 години не направиле ниту еден проект за општото добро на народот, бидејќи биле фокусирани на себе, своите блиски и функционерите од врхушката на СДС и ДУИ на тоа како лично да се збогатат и станат милионери“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Одговорност за криминалот, корупцијата, тендерите во четири очи, матните зделки мора да има. Одговорност за осиромашувањето на народот, урнисаниот систем, колапсот на институциите, празната буџетска каса мора да има“ е партискиот став.

Поврзани новости