363
Од ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираат дека партиите на власт ги направиле сите национални отстапки и ја понижиле државата и поради тоа потребни се избори.
-Власта свесно ја втурна Македонија во состојба на политизација на европската агенда. ВМРО-ДПМНЕ апелираше да не се прифаќа се, но СДС не послуша и прифати се на штета на народот. Владата трајно ги оштети македонските позиции, на сметка на Бугарија. Владата на СДС и ДУИ е повеќе како влада на Бугарија и Албанија, наместо само на Македонија.И додека веднат кичма, криминалот и корупцијата цветаат, и бизнисите на нив блиски луѓе се шират низ државата, велат од партијата.