„СДС и Фани Каранфилова Пановска ги бранат судиите и обвинителите кои донесоа слобода за убиецот на Фросина, кои го ослободија Венко Филипче од обвинение за модуларната болница, Трпков кој ги судеше луѓето од 27ми април, обвинителите од СЈО кои ттеба да враќаат пари на државата поради неоснованите и незаконски приходи.
Постојаната одбрана на ова судство и обвинителство од страна на СДС е доказ чии се тие судии и обвинители и зошто вака им оди на судството и обвинителството.
Слепата лојалност на дел од судиите и обвимителите кон СДС и ДУИ е срам за фелата и за сите чесни и професионални луѓе што работат во институциите, а не се поврзани со овие испреплетени мафијашки врски на двете партии со поединци од судството и обвинителството.
Доаѓа време на отчетност. И тие мора да одговараат. Затоа што тие се соучесници во корупцијата во Македонија и заштитници на криминалците.
Нема поголем доказ за компромитираноста на судот и обвинителството, штом дојдоа до тоа дереџе СДС и ДУИ да ги бранат. Тие што ги избираа, негуваа и поддржуваа изминативе години, сега си ги бранат своите кадри.
Ова однесување на СДС и Фани Каранфилова Пановска, кое е само продолжение на однесувањето на СДС изминатите 7 години го донесе падот на листата на Транспаренси и го донесе рејтингот на судството и обвинителството дури и за нијанса полошо од рејтингот на СДС како партија.
Истите тие кои не покренуват случаи за ниту еден градоначалник на СДС, ниту еден министер, директор, тоа се тие судии кои го штитат криминалот на клановите кои ја униптија државата.
Срамот и компромитраноста на судиите и обвинителите станува појасна кога СДС и ДУИ ги бранат“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.