„СДС и ДУИ ќе не носеа во Европа, а сега без пасоши ниту од нивната `Северна` не може да се излезе“ реагираат денеска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму порачуваат „на народот му натурија решенија кои го однесоа во ќорсокак. Спасовски и Ковачевски, свесно го ставија народот во трошок, даваа лажни изјави, дека ќе важат личните карти и возачките дозволи, иако знаеа дека според договорот, кој го потпишаа, истите ќе важат само до февруари 2024-та година.До пред еден месец лажеа дека граѓаните нема да плаќаат казни, доколку имаат возачки дозволи со Република Македонија, за завчера да мора на итна седница, во Собранието да се донесат законски измени поднесени од Министерот за внатрешни работи, за да се заштитат граѓаните“.
„ЈО и Народниот правобранител, треба веднаш да поведат постапка против Спасовски и Ковачевски и владата во целост, која го довела целиот народ во заблуда и материјално го оштетиле. Основните човекови права се загрозени и само заради власта во заминување на СДС и ДУИ, голем број на граѓани не можат слободно да се движат надвор од Република Македонија, а да не беа законските измени на предлог на ВМРО-ДПМНЕ во целост ќе беше блокиран и внатрешниот сообраќај во државата“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.