Рубља-патриотите на Димитар Апасиев во град Скопје, заедно со уценетата ГРОМ чија улога е да биде портпарол против ВМРО-ДПМНЕ ги гласаа бизнисите на СДС, ДУИ и Данела Арсовска поврзани со изработка на урбанистички планови и уредување на градежно земјиште, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Сложната коалиција составена од фолирантите од Левица со директори во Град Скопје, криминогената СДС и нивните газди ДУИ лесно се удружија да изгласаат изработка на нови урбанистички планови, нов градски бетон и уредување на градежно земјиште за заштита на приватни бизнис интереси. Лицемерието на рубља патриотите од Левица кои пред јавност глумат Че Гевара, а зад сцената прераснуваат во Путинови олигарси од балкански тип се гледа и во фактот што се најголеми поддржувачи на новото задолжување што го планираше Арсовска“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму додаваат дека Апасиев ја има улогата дадена од СДС да биде опозиција на опозицијата.