124
Агенцијата Рејтинг нема никаков проблем да го прави црниот ПР на СДС кој се состои само од лаги и измислици, кога газдата на Агенцијата, Спасов во време на СДС изгради фотоволтаична централа, вадејќи ги сите дозволи, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Бизнисот со фотоволтаичната централа на Спасов годишно може да генерира и до половина милион евра, што за 20 години се 10 милиони евра.
Сега е разбирливо зошто Спасов штелуваше и анкети, а и зошто сега глуми главен ПР мајстор во СДС. Јасно е и зошто ПР се темели на лаги и измислици. Јавноста јасно може да види како функционира СДС и што ги држи заедно“, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.