„Реалната плата паѓа, стандардот е се понизок, картели на власта профитираат на грбот на народот“ обвинуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму велат „реалната плата е помала за 5%, и со тоа Македонија ја има најлошата статистика во регионот. Стандардот е се понизок, народот од година во година е се посиромашен, тоа што се купувало пред неколку години за 500 денари, сега не може ниту со 1.000 денари“.
„Апсурдот е уште поголем што земјоделските производи кои од земјоделците се купуваат по екстремно ниски цени на пазарите завршуваат неколкукратно поскапо. Парите наместо кај земјоделците завршуваат кај фирми блиски до власта, прекупувачи кои повеќе асоцираат на картели, отколку на бизнисмени. Власта не сака да ги реши проблемите. Власта ги создава проблемите. Потребни се промени“ е партискиот став.