Опозицијата сериозно размислува да побара одложување на предвремените локални избори во Штип кои треба да се одржат на 10-ти декември, откри лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на ТВ Стар.
-Во Штип се брани Македонија. И ова не се обични избори. Но прашањето е сега дали на 870 заболени имаме воопшто амбиент за фер и демократски избори. Бидејќи вие знаете на 870 заболени и секојдневна двоцифрена бројка на луѓе кои го губат животот, прашањето е дали треба воопшто да ги изложуваме на дополнителен ризик штипјани да излегуваат на избори. Јас апелирам и до Владата и до останатите политичари сериозна да размислат, ВМРО-ДПМНЕ оваа точка на следната седница на Извршниот комитет сериозно ќе ја размислува бидејќи само прашање на време е кога бројката на новозаболени ќе стане четирицифрена – вели Мицкоски.
Притоа, Мискоски посочи дека поранешниот штипски градоначалник од ДПМНЕ, Илчо Захариев, оставил сериозен белег во Штип.