ВМРО-ДПМНЕ размислува да поднесе иницијатива до Уставен суд за мандатот: Заев нема мнозинство

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ размислува да поднесе иницијатива до Уставниот суд поради давањето на мандатот на Зоран Заев од страна на претседателот Пендаровски.

Ова во изјава за Фокус го потврди портпаролот на партијата, Димче Арсовски.

-Во моментов размислуваме за поднесување уставна иницијатива, бидејќи во моментов Стево Пендаровски го узурпираше мандатот на еден пратеник, кој нема мнозинство. За да купи време, 20 дена за да лови пратеници од останатите листи во Собранието со непринципиелни методи. Секогаш кога Уставот ќе биде прекршен, Уставниот суд треба да го заштити, вели Арсовски.

К.С.

 

Поврзани новости