ВМРО-ДПМНЕ: Рашковски станува главен синоним за непотизам

by fokus

Рашковски треба кривично да одговара за организираната спрега и организираното испумпување на пари од буџетот преку фирмата на неговиот кум, изјави денеска Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Имено тој си ја ангажираше фирмата на неговиот кум, наменски формирана на само 2 месеци пред да се случи тоа и со пари на граѓаните се плаќаат скапи услуги. Згора на тоа Рашковски и владата плаќаат на кумот на Рашковски за нешто што веќе може да се направи од службите на генералниот секретаријат за што луѓе добиваат и плата – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Стојаноски вели дека Владата молчи затоа што фактите се јасни.

-Прво, Рашковски и Костиќ се во кумовска врска. Второ, Адвокатското друштво добивало дебели хонорари од државни институции за работи за кои немало воопшто потребно адвокатски ангажман. Трето, на крајот ова Адвокатско друштво било формирано пред само два месеци, поточно на 27 јули годинава, што само го отвора сомнежот дека било наменски направено за да се ангажира и на тој начин да се испумпуваат народни пари на сметките на блиски фирми, нагласува Стојаноски.

Според него оваа најверојатно наменски формирана адвокатска канцеларија има за цел да клати врата, а да зема народни пари.

-Рашковски полека но сигурно станува главен синоним за непотизам, нечесно и незаконско работење. Овој непотизам-Рашковизам ќе биде казнет на избори, како и целокупната штетна работа на оваа неспособна и неодговорна влада на СДС, нагласува Стојаноски.

Поврзани новости