ВМРО-ДПМНЕ: Рашковски секој месец инкасира над 1.000 евра плата и по 500 евра од седница во Телеком

by Fokus

Генералниот секретар на Владата молчи и не одговара до кога планира да го крши законот и зошто не поднесува оставка бидејќи е незаконски да се биде генерален секретар на Влада во исто време и претседател на Собрание на акционери на Телеком за хонорар од 500 евра по одржана седница, реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Рашковски спротивно на закон се само назначи на позиција во Телеком за 500 евра хонорар. Значи, Рашковски секој месец инкасира над 1.000 евра плата, и по 500 евра од одржана седница во Телеком. Службеното лице Драги Рашковски не може да биде член на управен или надзорен орган во трговско друштво, јавни претпријатија, агенции, фондови, и сите други организациони облици со доминантен државен капитал, што значи дека Законот за спречување судир на интереси не дозволува Драги Рашковски како генерален секретар на Владата да биде назначен и за владин претставник во Собранието на акционери на Телеком – се наведува во партиското соопштение.

 

Поврзани новости