Џафери до екс спикерот на Собранието: Вељаноски ти 10 години седеше тука, ако сакаш да кажеш нешто јави се процедурално

by fokus

Координаторот на седмата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија побара пауза од еден час на самиот почеток на пленарната седница, со што ги продолжи опструкциите кои почнаа откако координаторот на првата пратеничка група, Илија Димовски соопшти дека формирале 10 пратенички групи.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери побара од Стевананџија да каже во име на кој политички субјект бара пауза и зошто бара пауза, на што тој немаше точен одговор, единствено кажа дека е координатор и дека Џафери е должен да ја овозможи паузата.

На седницата настана гужва откако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да дадат одговор наместо Стевананџија зошто тој барал пауза, а најгласен беше екс спиекрот Трајко Вељаноски.

„Вељаноски, ти 10 години си тука, треба да ги знаеш процедурите. Ако имаш нешто да кажеш повели, јави се процедурално, рече Џафери.

Следна точка на дневниот ред е разрешување на државниот обвинител, Марко Зврлевски. Оваа седница беше прекината во четвртокот, кога исто така координаторите на ВМРО-ДПМНЕ бараа паузи од по еден час со што оневозможија да продолжи работата на Собранието.

Поврзани новости