Новата влада ја покажува сета своја неспособност и незаинтересираност за проблемите на граѓаните во Струга, каде 9 дена гори депонија, загадувајќи го загадува воздухот и загрозувајќи го здравјето на граѓаните и животната средина, соопштија утрово од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС и нивните коалициски партнери со сопствената неспособност ја загрозуваат туристичката сезона на Охридското езеро, со што директно ја загрозуваат и егзистенцијата на стотици семејства чиј извор на приходи се средствата кои доаѓаат од туризмот. Владата на СДС знае да укинува, блокира и брка од работа, но е сосема глува и не ги слуша барањата на стружани за итно затворање и дислокација на местото за одлагање на отпадот“, реагираат од ДПМНЕ.
Од партијата бараат по итна постапка да се одржи парламентарна седница на која што ќе се разгледува алармантната состојба во Струга со загадувањето од запалената депонијата.