ВМРО-ДПМНЕ: Притворот не смее да се користи како казна за шиканирање на политичките неистомисленици

by fokus

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во утринското соопштение обвини дека апсењата за настаните во Собранието на 27 април се политички монитрани случаиво кои се кршат основните човекови права и се осудени лично комесарот за човекови права на Советот на Европа.

-ОЈО и судот со своето делување ја стават Македонија на мапата на држави со политички затвореници. Целиот државен апарат е ставен во полза на СДСМ. Десетината патриоти и пратеници се дел од хајката без аргументи по политичка нарачка. Правосудните органи не смеат да се ставаат над законот, Уставот и меѓународните договори. Притворот не смее да се користи како казна за шиканирање на политичките неистомисленици, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости