ВМРО-ДПМНЕ: Притварањето на уметници, глумци, режисери е политички реваншизам

by Fokus

Притварањето на уметници, глумци, режисери, архитекти, пратеници, припадници на безбедносните сили и луѓе кои беа дел од иницијативата „За заедничка Македонија“ со конструирано обвинение за тероризам е акт на безумие и политичка тортура, реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Измислувањето и конструирањето на обвинение за тероризам против луѓе кои не сториле ниту прекршок во својот живот е класичен политички реваншизам против сите кои не се согласуваат со антидржавните политики и имаа храброст тоа јавно да го кажат. Да се прогласат за терористи луѓе кои никогаш не држеле оружје во рака и истите да се изедначат со терористите од Диво Насеље кои убија осуммина бранители е срамно и недозволиво – се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Поврзани новости