За ВМРО-ДПМНЕ лидерска средба е прифатлива за понеделник после 11 часот на која би се разговарало за конечно прецизирање на датум за избори, прифаќање на забелешките на ОБСЕ/ОДИХР, како и понудата за укинување на техничка влада, во замена за тоа да нема технички премиер од ДУИ, брифираат денеска од опозициската партија.
– Од медиумите дознавме дека премиерот Ковачевски закажува лидерска средба за понеделник поврзана со изборите. Таквата комуникација преку медиуми за вака важни прашања е негов избор. Лидерска средба е секако прифатлива за во понеделник, на која очекуваме да се разговара конечно за прецизирање на датум за избори, прифаќање на забелешките на ОБСЕ/ОДИХР, како и понудата за укинување на техничка влада, во замена за тоа да нема технички оремиер од ДУИ, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ узурпира објектот на МО, кој наместо студентски дом сега е штаб, Заев украде 8 милиони од Глобал, а Ковачевски крие сопствеништво на фирми.
Воедно бидејќи се одлучи за комуникација преку медиуми, од партијата бараат средбата да биде после 11 часот во понеделник бидејќи, како што наведуваат, претседателот на ВМРО – ДПМНЕ има часови со студенти на Машинскиот факултет каде работи како редовен професор.