ВМРО-ДПМНЕ предлага Владата, директорите и членовите на УО да не земаат плата додека трае состојбата со корона вирусот

by Fokus

Со цел да се заштеди во буџетот на Македонија, опозициската ВМРО-ДПМНЕ предлага министрите, замениците-министри, директорите и членовите на управни и надзорни одбори да работат без пари, про-боно до завршување на кризата со корона вирусот во државава. Така, според опозицијата, би се заштедиле 2.5 милиони евра месечно.

Како што истакна портпаролот на партијата, Наум Стоилковски, би се заштедиле 2,5 милиони евра месечно и истите средства би се намениле и релоцирале во оние сегменти кои се неопходни за заштита на стандардот на граѓаните, но и за директно справување со корона вирусот.

Поврзани новости