Токму ВМРО-ДПМНЕ 11 години Музејот на Македонија го остави во катастрофална состојба, целиот оставен на забот на времето иако целото национално богатство на државата се наоѓа во депоата на музејот. Зошто? Затоа што беа посветени на музеи на ВМРО и восочни фигури на Тодор Александров и Ванчо Михајлов, велат од СДСМ.
„Прашањето е дали најважниот музеј во земјава ВМРО-ДПМНЕ намерно го остави да пропадне, заради нивниот Музеј на ВМРО. Галеријата на икони е од непроценлива вредност. Истите тие икони СДСМ ги затекна поплавени во вода но веднаш преземавме соодветни конзерваторски мерки за нивна заштита.
Сега можете да го видите музејот за разлика од тогаш во поинаква слика, бидејќи веднаш се реши проблемот со протекување, се санираше кровот. Највредното културно богатство на државата сега сенаоѓа на сигурно и безбедно.
Она што дополнително ќе се направи е целосна реконструкција во 2023 година, за што веќе се обезбедени и средства во буџетот“, додаваат од владејачката партија.