ВМРО-ДПМНЕ: Пратката вакцини е капка во морето

by fokus

Од ВМРО-ДПМНЕ преку партиско соопштение велат дека пратката вакцини која пристигна денеска е капка во морето.

-Граѓаните на кои Филипче требаше да им обезбеди вакцини, заминаа во Србија да се вакцинираат. Пратката вакцини е капка во морето, додека дојдат поради Филипче и Заев дневно се закопуваат по 40 лица. Секој ден има четирицифрени бројки на заразени. И не само што нема вакцини, нема ни медикаменти, граѓаните молат кај стигнат за терапија, ама за тоа Филипче не се интересира, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека сето ова што се случува, немањето вакцини, заминувањето во соседна држава за вакцинирање, фактот што Македонија е на дно на листите по процент на вакцинирано население, а е високо на листата на починати од корона на милион жители, е пораз на Филипче и Заев.

-Оттука тоа што за денес има пратка на вакцини не значи ништо. Никој ништо не очекува веќе од Заев и Филипче. Единствено што се очекува и бара од нив е да си заминат и да одговараат за злоделата и за негрижата на здравјето на граѓаните, велат од партијата.

Поврзани новости