ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение индиректно обвини дека синот на директорот на БЈБ, Сашо Тасевски учествувал во инцидент во кој неколку лица претепале припадник на ЕБР и дека Тасевски вршел притисоци неговиот син да не се најде во дневниот билтен на МВР.
-ЈО и МВР требаше да отворат истраги, дали се вистинити информациите дека едно од 4 лица кои учествувале во инцидент каде е тепан припадник на ЕБР е син на Сашо Тасевски? Дали тој лично ургирал, истото тоа лице, кое иако е запишано во записник да не биде наведено во билтен? Зошто настанот кој се случил околу 1 часот по полноќ, е заведен во билтен во 06.30? Дали во тој период Тасевски вршел притисоци?
Сашо Тасевски не може да избега од одговори. МВР да отвори внатрешна истрага, а ЈО да отвори случај. Недозволиво е припадници на ЕБР да бидат тепани, а истрагата за тоа да се спроведува крајно сомнително и со индиции на прикривање на учесници, велат од ВМРО-ДПМНЕ.