ВМРО-ДПМНЕ потврди дека лидерот на партијата, Никола Груевски бара најмалку 20 телохранители и дека се чувствува загрозен, но не даде одговор на прашањата кој му се заканува на екс премиерот и зошто тие закани не се пријавени во полиција, објави 24 Вести.
-Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ побара зголемен број на лица во обезбедувањето пред се заради динамиката во работењето и потребата тие сменски да ротираат, така што лицата кои би биле доделени секако нема во секој момент да бидат на извршување на работните задачи. Впрочем во барањето до министерот Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ побара да биде извршена безбедносна оценка за постоење висок степен на опасност по неговиот живот и личен интегритет“, велат од ВМРО – ДПМНЕ.
И МВР денеска ја потврди информацијата, но се уште без одговор дали екс премиерот ќе ги добие бараните телохранители.
„Има такв барање и по направените анализи соодветно ќе биде одговорено“, изјавија од МВР.